Србите кои понекогаш се шалат на сметка на Македонците користејќи го зборот „чокалија“ дури ни самите, а уште помалку Македонците кон кои е упатен овој епитет, не знаат дека ова не е навреда, туку напротив пофалба за македонската снаодливост и итрост, создадена благодарение на трговците, бунтовниците и првиот српски дипломат Петар Ичко, еден од учесниците во Првото српско востание. Човекот кој всушност ги спасил србите од Султанот и османлиите така што ги надмудрил турците и Султанот и со тоа допринел да се потпише договор за примирје.
Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија и пратеник, Стојан Андов, реши да им одржи лекција на своите сонародници. Андов го погодил фактот што терминот „чокалија“ или „чокац луѓе“, кој понекогаш Србите го користат како термин за Македонецот, да го доживуваат како навреда.
Кога Султанот Караѓорџе испратил мировен договор со печат, пропратено со мотивационото писмо, тој напишал дека Ичко се покажал како „чок акчи“ што значи „доста паметен“. Во српската традиција овој збор се изговара како „чокалија“ а употребата на терминот не е ни малку навредлив за Македонците туку претставува комплимент – потсетува Андов и со жалење констатира дека многу Македонци, не само што не знаат за ваквата приказна, туку никогаш не слушнале за Петар Ичко. А историјата на Балканот, особено на Првото српско востание, дури и не може ни да се замисли без споемнување на името на Петар Ичко. „Овој пример покажува дека чувството на навреденост, на нашите патриоти често се базира на недоволното познавање на историјата, примитивизмот, искривеното значење на поимите и бројните грешки“, вели Андов.
Еве ја приказната
Во историјата е запишано дека турските дахии, одметници од султанот, дошле на власт во Белград во 1801 година и го убиле везирот Хаџи Мустафа Паша, која поради добрината и љубезноста го добил надимакот „српска мајка“.
Петар Ичко заминува за Земун, кој се наоѓа во составот на Австро-унгарската империја, со намера да се одмазди за убиството на Пашата и организира борба за ослободување на српскиот народ. Затоа побарал помош од своите пријатели,пред се од митрополитит Стратимировиќ, кој како брат Масон, му дал дипломатска поддршка за решавање на христијанските прашања во белградскиот пашалук.
Петар Ичко се поврзал и со масоните Алекс Ненадовиќ и Јанко Катиќ за да организирана вооружен бунт во пашалукот. Дахиите дознале дека се подготвува востание, и тоа во 1804 година довело до одмазда во која е убиен Алекс Ненадовиќ. Но, тоа довело и до востание во кое Петар Ичко одиграл значителна преговарачка улога, па Караѓорџе подоцна го поставил за прв градоначалник на слободен Белград.
Додека ги разгледуваме овие историски факти, Стојан Андов ја објаснува врската меѓу Петар Ичко и изразот чокалија.
Кога Караѓорџе почнал да ја добива победата на бојното поле, султанот Селим Трети рамислувал да испрати голема војска и да го угуши востанието, но тогаш рускиот цар му се заканил со војна. Султанот тогаш се обратил за помош кај Наполеон Бонапатра, кој постојано го одлжувал одговорот не сакајќи да се замери со рускиот цар и европските монарси. Немајќи каде, султанот прифатил да преговара со српските бунтовници.
Караѓорџе во Цариград во 1806 година го испраќа Петар Ичко, кој течно говорел турски, германски, руски и грчки јазик и му бил еден од најдобрите дипломати кои ги имал. Штом стигнал во Цариград, султанот на своите доверливи луѓе им наредил за дваесет дена, без оглед на тоа како ќе течат преговорите, да го отруе Ичко. Верувал дека Караѓорџе нема да може брзо да најде замена за него.
Во меѓувреме, за да Турците не бидат обвинети за смртта на Ичко, меѓу странските претставници е протурена веста дека Ичко во Цариград пристигнал блед и тешко болен. Поминале два месеци, Ичко бил жив, Наполеон молчел, а Русите постојано притискале, па султанот ги прашал своите потчинети зошто Ичко е сеуште жив.
Тие признале дека е невозможно да го отрујат. Во јадењето отров не можеле да стават, затоа што јадел само варени јајца, кои сам си ги купувал, сам си ги варел, сам си ги љупел и во истиот момент си ги јадел. Луѓето на султанот не можеле да му стават отров ниту во шербетот, или во чајот, или во водата која ги купувал додека шетал низ улиците во Цариград. Немајќи избор, Султанот бил приморан да склучи мир, кој бил наречен Ичков мир.
Петар Ичко бил трговец и спрки дипломат со македонско потекло. Според некои извори тој е роден во 1755 година во јужномакедонското село Катраница (денешен Пирги во Грција), а според други тој бил роден во Воден. Живеел во османлиски Белград, каде до крајот на 18 век станал старешина на трговците на мало. По пристигнувањето на дахиитр во Белград, Ичко во 1802 година се сели во Земун. За време на Првото српско востание, со користење на дипломатско и тргувачко искуство, тој успева да заклучи за Србите поволен Ичков мир и да се врати во Белград во март 1807 година.
Сепак тој бил отруен во мај 1808 година, во Белград. Во Земун до ден денес постои куќа во која престојувал Ичко. Таа била изградена 1793 година, а во неа се наоѓала гостилница за луѓе, коњи, и запрежни возила. Подоцна се викала „Кај Крале Марко“.