Македонецот Стефан С. е меѓу приведените девет лица во полициската акција “Ќелија” дознава Press24 од извори во истрагата.
Според нашиот извор Стефан пред одредено време ја сменил православната вера и преминал во ислам. Информациите велат дека тој во повеќе наврати бил во Сирија и се борел на страната на ИСИС. Во Македонија негова задала била да регрутира нови борци. За да биде поубедлив тој си го сменил и личното име со муслиманско.
Полицијата заедно со Стефан приведе уште осум лица меѓу кои и имам од џамиите Тутунсуз и Јаја Паша. Покрај нив се трага по уште 27 лица од кои за 20 мина се претпоставува дека се уште се на боиштата во Сирија.