Mакедонија дел од светската акција „Часот на планетата Земја“


Македонија петта година по ред се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, во која годинава ќе учествуваат над 154 држави ширум светот.

Earth globe splashing in oil (Digital Composite)Часот на планетата Земја претставува најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година акцијата се одржува на 29 март, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави во светот, а меѓу нив и Македонија. За разлика од изминатите учества, Македонија се вклучува во акцијата со сопствена медиумска кампања за спас на планетата Земја, каде главните суперхерои се познати личности од Македонија и регионот, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

– Македонија може со гордост да се пофали дека е дел од најголемата светска волонтерска акција. Се вклучуваме во Часот на планетата Земја петта година по ред, но прва година со своја медиумска кампања во која добиваме поддршка од многу познати личности од Македонија и регионот. Нашата кампања стартува на 3 март и секој ден ќе објавуваме по една видео порака од нашите медиумски амбасадори кои ја поддржуваат акцијата. Мотото на акцијата е „нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива“, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

the-planet-earthТој е задоволен што оваа година во кампањата се вклучуваат и скопските општини Аеродром, која веќе трета година по ред ќе го исклучи осветлувањето на трите најголеми паркови на својата територија, и Кисела Вода, која годинава првпат влегува во акцијата Часот на планетата Земја.

Селков со апел до градоначалниците и на останатите општини во Скопје и Републиката, како и до градоначалникот на град Скопје и тие да се вклучат во оваа светска кампања и да го исклучат осветлувањето на спомениците за време на настанот.

Видеата од македонската медиумска кампања, која го носи името „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, почнувајќи од понеделник ќе бидат промовирани на официјалната фејсбук страница на Часот на планетата Земја (https://www.facebook.com/earthhourmk), а исто така ќе бидат објавувани и на официјалната веб страница на акцијата – www.earthhourmk.org.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1