Полицијата во Свети Николе поднесе кривична пријава за 48-годишниот М.М. за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во текот на 2010 година, пријавениот како директор на СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе без донесена одлука и без утврдена одговорност за штета им наредил на класните раководители од секој ученик да соберат од 200 до 250 денари за надомест за украдените компјутери и делови. Потоа, пријавениот од собраните пари за себе присвоил 102.425 денари земајќи ги на рака, а дополнително уплатените 20.950 денари во благајната ги потрошил за плаќање на тековни расходи на училиштето.
За да го прикрие делото во истата година склучил договор за јавна набавка и набавувал компјутерска опрема за училиштето и истиот плаќал од сметката на училиштето.