Македонија го доби првиот детски ургентен центар


Македонија го доби првиот специјализиран детски ургентен центар. Целосно е реновиран и комплетно е опремен простор на површина од околу 400 квадратни метри кој опфаќа шест простории за специјалистички амбуланти, една лабораторија и чекална. Центарот располага со четири главни и два дополнителни кревети.

detska klinikaПреку донаторската кампања под мотото “Да помогнеме навреме” која се спроведе под покровителство на сопругата на претседателот на Македонија, Маја Иванова беа собрани 50 илјади евра средства кои ќе користат за доопремување на Ургентниот центар и новите амбуланти.
Ургентниот центар е изграден со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој. ТИКА за оваа намена од својот буџет одвои 200 илјади евра.
Во април оваа година, стартуваше акцијата “Да помогнеме навреме”, а градежните активности за реконструкција на Детскиот ургентен центар почнаа во септември.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1