Аналгин и други лекови кои не се на рецепт ќе ги има и на Бензиски и Маркети


Новиот предлог закон за измени и дополнувања во законот за лекови и медицински помагала предвидува продажба на лекови кои се издаваат без рецепти освен во аптеките да се продаваат и во супермаркети, бензински пумпи, продавници, со што ќе се овозможи намалување на цените на овие лекови  поради зголемувањето на конкурентноста.

lekovi-foto-D-JEVREMOVICHОва го потенцираше министерот за здравство Никола Тодоров на денешната седница во Владата на Република Македонија, и истакна дека најбараните од овие лекови се аналгин, андол, ацисал.

На овој начин, како што истакна Тодоров, овие лекови ќе бидат подостапни на граѓаните и ќе ги има во руралните места.

Она што ќе трeба да го напрват сопствениците за да ги продаваат овие лекови е  да се простираат на површина од 25 метри квадратни за супермаркетите, а над 50 метри квадратни за продавниците, како и да обележат посебен рафт за истите.

-Ваквите модели функционираат и се практика во многу Европски земји како што се Германија, Франција и во САД, истакна Тодоров.

Освен продажба на лековите кои се издаваат без рецепти, надвор од аптеките, овие измени предвидуваат аптека да може да отвори само лице со завршено високо образование од областа на фармацијата.

Според Тодоров крупна и најзначајна ќе биде измената со која одалеченоста на аптеките низ сите населени места не смее да биде на помало растојание од 1000 метри.

На територијата на Република Македонија има 700 аптеки кои се распределени несразмерно, истакна Тодоров и, додавајќи дека токму поради тоа овие измени прдвидуваат секој сопственик на приватна здравствена установа или ланец на аптеки, да отвори аптека и во некоја рурална средина во неговата или во соседна општина.

На тој начин, потенцираше Тодоров, ќе се доближат фармацевските производи до граѓаните, со тоа што секој што има две патеки ќе биде обврзан да отвори и трета и тоа во рурално населено место, како оние кои поседуваат ланац на аптеки низ државата, односно имаат повеќе од пет аптеки, ќе бидат обврзани да отворат уште една во рурална средина на територијата на Република Македонија.

-Согласно напревните анализи, овие измени предвидуваат можност за отварање на нови 99 аптеки низ руралните подрачја во Република Македонија. Тоа ќе биде од огромно значење за граѓаните, бидејќи значително ќе го скрати времето за добивање на конкретен лек,  посочи ресорниот министер на денешната владина седница.

Тој додаде и дека со овој закон граѓаните ќе имаат ожност да ги пријават несаканите ефекти од лековите.

Премиерот на Република Македонја, Никола Груевски, истакна дека по овој предлог закон ќе биде спроведена јавна расправа во текот на следната недела, по што истиот ќе биде предаден на гласање во Собранието на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1