Македонија го победи Луксембург


Фудбалерите на Македонија го совладаа Луксембург со пресврт во вториот дел 3-2, во вечерашниот натпревар на националната арена „Филип Втори“, во рамките од квалификациите за пласман на Европско првенство во 2016 годинаfudbal

Бесарт Абдурахими беше најзаслужен за триумофот со голот во судиското надополнување на мечот, а врз истиот играч беше направен пеналот од кој Адис Јаховиќ погоди за 2-2, откако Луксембург водеше со 2-1 по првото полувреме.

Гостите постигнаа два гола за пет минути, преку Стефано Бенси во 39. и Давид Турпел во 44. минута, откако Александар Трајковски го отвори резултатот во 20. минута.

Македонија гостува кај Украина, в недела во Лвов.

Македонија: Пачовски – Ристовски, Мојсов, Шиков, Цуцули (од 46. Алиоски) – Демири, Адеми, Муарем (од 60. Јаховиќ) – Ибраими (од 46. Абдурахими), Трајковски, Костовски. Селектор: Бошко Ѓуровски.

Луксембург: Жобер – Жанс, Филипс, Шано, Жерсон, Жанич – Мартинс, Муч, Турпел (од 70. Девил), Да Мота (од 63. Олтер) – Бенси (од 75. Латерца). Селектор: Лук Холц.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1