Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 12 часот и 30 минути против Шпанија го игра натпреварот од 4.коло од квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година.
Нашите ракометари од петокот се наоѓаат во Гвадалахара каде се подготвуваат за натпреварот со светскиот шампион. Шпанија е апсолутен фаворит, а пред четири дена во Скопје победи со 24:17.
Поради повредите добиен на натпреварот во Скопје останаа Филип Миркуловски, Велко Маркоски и Владо Недановски. Неизвесен е настапот на капитенот Кирил Лазаров, но тој е со селекцијата во Шпанија, а потоа ќе продолжи за Мадрид во својот клуб Атлетико. Вториот натпревар од групата 1 меѓу Португалија и Швајцарија почнува во 18 часот. Табела: Шпанија 6 бодови, Португалија 3, Македонија 2 и Швајцарија 1.
Mia