Македонија хакирана во ООН – сајтот на дипломатската мисија во Њујост пробиен


Линкот на македонската мисија во Обединетите нации на службената страница на ООН е хакиран.

На службената страница на ООН, кога ја отворивме веб страницата на ма­ке­дон­ска­та мисија за да се информираме за престојот на македонската делегација во Њујорк, на­мес­то податоци за Македонија, се појавија содржини на јапонски јазик. Не­о­фи­ци­јал­но, извори од МНР велат дека подолго време страницата на македонската мисија во ООН никој не ја ажурира, пишува Вест.876B97A8A20E0F408FF6FE6FA7FDC824

Од МНР изјавија дека преку македонската мисија во Њујорк ќе реагираат до ОН да се тргне од линкот содржината на јапонски јазик.
„Стра­ни­ца­та, по се изгледа, е хакирана. Ќе интервенираме да се тргне и да се врати ста­ра­та страница”, изјавија од Министерството за надворешни работи.

На службената страница на ООН каде што се наведени земјите-членки, www.un.org/en/members/index.shtml, каде што Република Македонија е на­ве­де­ни под „Т“, – The Forner Yugoslav Republic of Macedonia, кога ќе кликнеш на лин­кот на нашата мисија во ООН www.macedonia-un.org, се појавува рекламна стра­ни­ца на јапонски јазик.

Ина­ку, во Њујорк се одржува Генерално собрание на ООН, на кое учествува и ма­ке­дон­ска делегација, предводена од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1