Македонија испушти победа против европскиот првак – браво за лавовската борба, Германците се спасија од пораз


Драма, солзи, војна, солзи и на крајот нерешен резултат во големата пресметка помеѓу европскиот првак Германија и Македонија на ЕП во Хрватска кој заврши 25-25.Во последниот напад на Македонија Стојанче Стоилов шутираше за победа, но неговиот удар го одбрани германскиот голман Силвио Хајневетер.

За Столе Стоилов бодот нема сласт, затоа што имаше шанса за победа.

Призна пикерот на македонската репрезентација дека овој бод не е сладок, но за среќа Македонија го издржа последниот налет и освои бод.

– Кога ќе промашиш шут за победа, тоа реми не ти е слатко. Имав шут да го решам натпреварот, избрзав – шутнав лошо. Среќа, соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок. Можевме да пренесеме четири бода. Но, тоа е тоа, денес промашив, утре може ќе дадам. Таков е ракометот, тоа е спортот. Ми олесна кога промашија Германците. Ќе бев скроз трагичар. Вака колку толку ме покрија, рече Стоилов по натпреварот.

Водевме во првиот дел но првото полувреме го добија Германците. Второто го започнавме одлично со серија од 8-4 но Германија успеа да се врати и да поведе. Сепак победата беше во рацете на Стојанче Стоилов кој во последниот напад не успеа да го совлада Хајневетер. Германците добија шанса да го одиграат последниот напад но Грецки не успеа да мине крај Манасков и на крајот немаше победник што и донесе три бода на Македонија во втората фаза во која Германија пренесува два бода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1