Македонија ја одби поканата за воени вежби против Русија


Министерството за одбрана на Македонија и АРМ нема да учествуваат на воените вежби на НАТО кои се одржуваат од 18 мај до 6 јуни во организација на САД во Германија, а кои треба да ја припремат АРМ за одбрана на Балтикот и Полска од “агресијата” на Русија.mapa_incidenti_baltik

Од Балканските земји учество земаа Србија и Црна Гора но и членките Бугарија, Албанија, Хрватска, Чешка, Данска, Италија, Летонија, Романија и Словенија.

“Војската на Македонија нема да учествува во одржувањето на овогодинешните воени вежби во организација на САД во Германија” – гласи одговорот на Министерот за одбрана на Македонија кој додал дека Македонија веќе учествува како партнер во повеќе мисии на НАТО.

“Војската на Македонија според планот за учество на воени вежби нема да учествува во вежбите “Заедничко решение 4″ туку ќе земе учество во вежбата “Заедничко решение 6″ и “Вкрстени мечови 16″ кои исто така се во организација на Европските сили на САД” – додал министерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1