Македонија одбележува 73 години од антифашистичкото востание


На денешен ден во 1941 година, борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.antifasisticko 11 oktom

Со овој чин беше означен почетокот на востанието на Македонскиот Народ против фашистичкиот окупатор, со цел за конечно осободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава народноослободителна војна на македонскиот народ за конечно ослободување на земјата која заврши со успех на територијата на Вардарска Македонија.

По повод 11 октомври – Денот на востанието на македонскиот народ , вчера пред бистите на револуционерите во градскиот парк, букети свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, Сојузот на борците од НОАВМ, политички партии и невладини организации.

11 Октомври со низа активности се одбележува во целата држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1