Македонија: Одбиен абортус кај жена со малформации на плодот


Две жени кои носеле мртов фетус биле принудени три дена да чекаат на абортус. И покрај итноста, докторите инсистирале да го испочитуваат законскиот рок од советувањето до медицинската интервенција, тврдат невладините чија иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на членови од Законот за прекинување на бременоста Уставниот суд  ја отфрлиtrudnoca001

Покрај задоцнетите реакции, невладините обелоденија и случај на целосно ускратено право на абортус, и покрај тоа што жената добила мислење од три здравствени установи дека има тешки малформации на плодот, а еден од лекарите ја предупредил дека бременоста може да го доведе во опасност и нејзиното здрвје, но се плашел сомнежите да ги стави на хартија. Лекарите од Клиниката за гинекологија и` кажале да почека уште еден месец за да и` ја потврдат дијагнозата. Ја советувале да побара и второ мислење. На крајот првостепената комисија се оградила од одговорност и одлуката ја префрлила на второстепено ниво, обвинија невладините, пренесува Телма телевизија.

„Клиентката оди во вторстепена комисија каде пополнува образец кој не е донесен со подзаконски правен акт и очигледно се употребува противзаконски. Таа пополнува нешто без наслов… Ова е уште еден формално-правен и материјално-правен пропуст, бидејќи второстепена комисија во законот е утврдено дека постапува единствено по приговори по одлука на првостепената“, изјави Игор Јадровски НВО „ХЕРА“.

За невладините спорно е и тоа што при носењето на одлуката, второстепената комисија го зела предвид само мислењето на приватната болница, но не и на двете јавни здравтвени установи. Жената поминала и низ скандалозно тродневно советување, велат оттаму. Според нејзината изјава, таа била жртва на непрофесионално, медицински неосновано и понижувачко однесување.

“Советувачката се дрзнала да и` каже на клиентката `па добро и јас имам другарка со криви нозе и ништо не и фали или добро детето можеби нема да биде физички убавно, но ќе биде паметно.` Замислете какво понижување и кое малтретирање и` приредиле“, потенцираше Јадровски.

Невладините порачаа дека очекувале Уставниот суд да ги земе предвид ваквите негативни примери и да донесе разумна одлука, наместо како што велат, да дозволи директно мешање на државата во приватноста на жената.

„Државата се става во улога на старател на жената, да каже што е добро за нејзиното здравје и што е добро за нејзиниот живот а што не е. Уставниот суд вчера дозволи жените да се третираат како деловно неспособни да одлучуваат“, рече Наташа Бошкова, адвокатка, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Покрај зголемениот број на прекршени права на абортус, невладините алармираат и на зголемен број нелегални абортуси. Епилогот од носењето на ваквиот закон е исплашени доктори кои за да избегнат одговорност го ризикуваат здравјето на жените, велат невладините. Тие порачаа дека ќе ги искористат сите преостанати меѓународни механизми за да ги заштитат жените и нивното уставно загарантирано право на абортус.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1