ФОТО: Најопасната дрога „крокодил“ од која се распаѓа телото, се појави и вo Македонија?


Од Министерството за внатрешни работи велат дека моментално оваа дрога не е присутна на македонскиот нарко пазар.
– Досега сме немале заплена на овој вид на дрога, ниту пак имаме некои информации дека таа е присутна на македонскиот нарко пазар, вели потпаролот на МВР, Иво Котевски.
Дека дрогата „крокодил“ ја нема во Македонија, ни потврди и директорот на Токсикологија, Андон Чибишев.257389_krokodil_f
– За сета среќа до сега немаме случај на нарко зависник кој внесувал дрога крокодил, но тоа не значи дека е исклучена можноста од такво нешто. Штом таа дрога се појавила во некоја земја, се разбира дека постои опасност истата да се појави и кај нас, а ако се појави тоа ќе биде страшно, вели Чибишев.
За разлика од нас, Русија и Северна Европа се преплавени.
Станува збор за дрога која е мешавина на кодеин, бензин, црвен фосфор и тешки метали. Последиците од нејзиното конзумирање се чувствуваат уште при првата доза и тие се стравични.
– Еден од симптомите на оваа дрога е и тоа што го уништува ткивото на местото каде што таа се внесува, па така коските во тој дел на телото остануваат без месо, вели Чибишев.779548-krokodil
Најчесто кај корисниците таа предизвикува смрт, а најмали последици од нејзиното користење е ампутирање на некој дел од телото.
Оваа дрога прави вистински пустош во руските градови. Поевтина е од хероинот, па најчесто експертите ја нарекуваат дрога за сиромашни.
Руските експерти нагласуваат дека корисниците обично не ја преживуваат ни првата година, но доколку и преживаат тие би можеле да живаат најмногу три години, при што редовно поминуваат со ампутирана нога или некој друг дел од телото.
Дрогата го добила називот „Крокодил“ бидејќи најчесто во почетните стадиуми кожата позеленува.
Германската полиција е уверена дека на нивниот пазар таа пристигнала од Русија, каде веќе има неколку стотици нејзини жртви.droga-najopasna-krokodil-zelena-03-630x420
Се уште е нејасно како ова дрога се појави така одеднаш и масовно на рускиот нарко пазар. Дали станува збор за некој заговор или се се случува спонтано.
Но статистичките податоци на руските служби покажуваат дека откако се Американците прусутни во Авганистан, производството на хероин во оваа земја е зголемено за неколку пати. Речиси деведесет проценти од хероинот на рускиот пазар доаѓа од Авганистан. Од Авганистан доаѓа и поголемото количество на дрога кое низ Македонија поминува за во Европа. Станува збор за познатата балканска рута на дрогата. Од Авганистан преку Иран, Турција и Балканот до Западна Европа.
За директорот Чибишев не станува збор за ништо друго туку за лесна заработувачка.droga-5001710201111
– На наркозависниците крокодилот им се продава како хероин. Дрогата содржи кодеин кој кога се внесува ги предизвикува истите чувства како и хероинот, поради тоа тие всушност и мислат дека станува збор за хероин и бидејќи е поевтина масовно ја купуваат, вели Чибишев.
Дека низ Македонија поминува патот на дрогата за Западна Европа се потврдува со огромните количини кои успеа да ги заплени македонската полиција во изминативе четири години.
Во тој период запленети се  2 тони 660 килограми наркотични дроги. Најголем дел бил марихуана или 1,3 тони, околу 500 кг кокаин и 400 кг хероин. Дрогата на црниот нарко пазар чинела околу сто милиони евра. Истовремено биле откриени 2200 случаи од областа на недозволена трговија со дрога, а кривично гонети биле 2565 лица.
Но, дрогата не поминува само низ Македонија, туку дел од неа останува и на домашниот нарко пазар.
Експертите тврдат дека во Македонија има околу 15 илјади наркомани и би било вистинско зло доколку еден дел од нив се навлечат на овој досега најопасен и најсмртоносен вид на дрога.
Sitel.mk
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1