Македонија отвара банка на донирано мајчино млеко – и нова метода до 3 месец да се испита плодот


По примерот на многу европски држави, но и на некои од земјите во регионов на почетокот на идната година во земјава ќе се отвори првата банка за донирано мајчино млеко, која ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

breast-milk-supply-01Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, затоа со буџет од околу 5 милиони денари се планира да се реализира овој проект. Тие сметаат дека со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња.

И педијатрите се согласуваат со оваа идеја и сметаат дека тоа ќе биде достапно за сите деца на кои тоа им е потребно, бидејќи тоа е најздрав и најприроден начин на исхрана во првите месеци од животот. Тие укажуваат дека сите здрави мајки кои имаат вишок на млеко, можат да бидат донатори на оваа драгоцена течност.

Но министерството се грижи за најмладата популација и од аспект на воведување поливалентните вакцини. Тие велат дека тоа е на барање на родителите, но и на лекарите, оти ќе се намали бројот на вакцините од 13 на 7 боцкања. На тој начин ќе се овозможи помалку посети на лекар од страна на родителите, а со тоа и помалку несакани реакции кај децата.

matka porogjaj bremenostВо интерес на новите поколенија од идната година ќе се воведе нова метода на фетална ехокардиолографија, со што ќе се овозможи проценка на структурата и функцијата на феталниот кардиоваскуларен систем, кој се развива во првите 3 месеци од бременоста и откривање на дејствување на некој штетен фактор како што се хронични болести на мајката, носителство на хромозомски или генски аномалии, инфекции на мајката во текот на бременоста, користење на одредени лекови во бременоста кои можат да го попречат развојот на плодот и да доведат до создавање на конгенитални срцеви аномалии. За оваа метода тим од лекари од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ќе бидат испратени на обука за овој метод, а ќе биде набавен и современ ултразвук за фетална ехокардиографија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1