Македонија пак е во листата на најстари светски цивилизации


Геоглифите претставуваат уметнички дела создадени на земјината почва преку организирано редење на камења, земја или друг материјал.

Потеклото на овие цртежи видливи од небо е сеуште непознато за повеќето научници на нашето време. Светски познатите Назка Линии претставуваат серии на геометриски форми, километри од линии и големи цртежи на животински и човечки фигури направени на пустинската површина во областа Назка во Перу, пренесува Фаланга.

macedonian-geoglyphВо Чиле има остатоци од културата на Инките, исто така претставени преку форми на земјата видливи само и само од Небо. Серии од вакви цртежи се наоѓаат не само во Јужна Америка, туку и во Австралија, Обединетото Кралство, САД, што е јасно видливо на оваа мапа.

Според досегашните истражувања, формите кои што денес науката ги нарекува геоглифи биле создадени од прастарите цивилизации со цел да покажат почит кон нивните богови, односно да го пресликаат добропознатото “Како на Небото, така и на Земјата”. Истиот начин на пресликување на сликата за “Небесниот Рај” е видлив и во Египет, каде што Сфингата и Пирамидите се поставени токму така како би отсликувале совршено огледало на небесните движења на одредени констелации и позиции, не само на ѕвездите туку и на Сонцето и месечината.

За волја на Вистината, нашата Македонија пак е во листата на најстари светски цивилизации. Геоглиф со површина скоро колку едно фудбалско игралиште се наоѓа во Овче Поле, близу Свети Николе. Јасно видлив од хеликоптер, авион, a се разбира и наGoogle Maps.

Дел од локалното население е запознаен со постоењето на ова место повеќе од 15 години, а нема сомнеж дека за ова била свесна и поранешната југословенска армија. Деновиве научници, авантуристи, истражувачи од целиот Балкан поминуваат во Свети Николе, интересирајќи се за многуте (над)природни феномени во околината.

bilazora-520x266Поставеноста на овој геоглиф е во точна насока север – југ и се наоѓа над селото Црнилиште. Ко случајно, симболот насликан на земја која што не е обработена со векови е ист со одредени зборови од средниот текст на Каменот од Розета, дешифриран од професорите Томе Бошевски и Аристотел Тентов. Нивниот бесценет труд јасно покажува дека писмото и јазикот на нашите предци е корен не само на нашиот, туку преку глаголицата и на сите словенски јазици. Според транскрипцијата, читано од север кон југ, сликата видлива од небо соодветствува на Врховното Божество на Античките Македонци, Богот ЅЕ (Оној Кој што гледа СЕ, Врховен, Владетел, Пророк, Големото Око) и неговата почит кон Големата Мајка, односно На А Воо Ѕе – На Големата(Првата) Мајка од Небесниот Водач.

Случајностите се прекрасни! Аналогијата на симбол отсликан на земја со врховно божество на антички народ од овие простори разбуди интерес кај многу луѓе во Македонија.

Интересирајќи се за местово, пресметаа уште една интересна паралела – на север од таму е мегалитската опсерваторија Кокино, а на југ Алшар, рудникот со лорандит. Преку комуникација со истражувачи на ова поле, ја сфатија и сличноста со соѕвездието Касиопеја и нејзиното движење според ѕвездата Северница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1