Граѓаните денес го живеат најтоплиот ден годинава. Југоисточниот дел од државата е во портокалова фаза, а живата на термометарот се искачи над 40-ката.
За среќа извештаите на брзата помош не бележат пораст на пациенти со колсапси или дехидратација. Медицинска помош најчесто бараат хронично болните и стари лица.
За разлика од нив, инфектолозите со полни раце работа. Дневно од 5-10 пациенти бараат помош поради симптоми на труење со храна. Лекарите алармираат на овие горештини да се внимава со исхраната.
Кавадарци е најтопол град во моментов. Живата на термометарот покажа 40 степени.