Македонија топ 1 дестинација за посета


Македонија е број еден туристичка дестинација која треба да се посети. Земјава се најде на првото место на листата “Топ нови дестинации“ од страна на престижниот британски магазин наменет за патувања The Wanderlust Travel Magazine.

Преку истражување и анкетирање од страна на своите читатели, Магазинот открива кoја е врвна туристичка дестинација во светот? Која земја вреди да се посети? Каде е најубав меѓународниот аеродром, која авиокомпанија е најдобра? Ова го открива The Wanderlust Travel Awards 2016.mk-turizam

Во коментарот зошто треба да се посети Македонија стои:

Балканот брзo станува најжешка дестинација која мора да се посети во Европа: Минатата година тоа беше Црна Гора, а годинава нашите остроумни читатели се воодушевени од езерата, планините и манастирите во Македонија. Да мораме да ги споменеме и прекрасното вино, волци и убавите пејсажи?

Во изминатите години, препораките да се посети Македонија се најдоа во многу специлијализирани и светски познати магазини, списанија и ТВ куќи. Сите тие ја препорачуваа Македонија како следна дестинација за посета. Една од последните репортажи е онаа на Еуроњуз каде со помош на дрон се прикажани убавините на кањонот Матка. Македонија се најде и на СНН. На интернет-страницата на телевизијата беше поставен профил на нашата земја, која е опишана како „мала планинска земја“, идеална за излети во природа.macedonia-e1345671388836

Од непознато до незаборавно – Македонија се најде на насловната страна на специјализирано италијанско списание за мотоциклизам. На 40 страници, со фотографии и видео на нивниот Youtube канал, беа претставени најживописните предели во Македонија. Пред неколку месеци група од неколку италјански моторџии беа во обиколка низ Македонија, а нивните коментари беа дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото туризмот. Тие ја опишуваа Македонија за дестинација за која малку се знае, па ја нарекуваат дестинација “Од непознато до незаборавно“.

NYTIMES travel – Македонија е следна Балканска дестинација

Mакедонија се најде меѓу првите 10 од вкупно 52 дестинации што ги објави угледниот американски весник „Њујорк Тајмс“. Македонија беше посочена како идна дестинација на Балканот. Македонија е опишана како земја на одлична традиционална храна и добро вино. М

Јаху репортажа: Охрид – тајниот европски бисер за кој не сте чуле

Има нешто волшебно во моментот кога ќе пристигнете во гратче за кое дотогаш не сте чуле и веднаш ќе останете маѓепсани од неговата убавина и гостопримство.Вака ја започнува својата репортажа известувачот на Јаху травел, кој пренесува искуства од своите патувања ширум светот.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1