Македонија утре ќе биде домаќин на најголемиот божиќен настан во регионот


Македонија утре (недела) од 11 часот ќе биде домаќин на најголемиот божиќен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја, најавуваат организаторите.

Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема божиќна манифестација со Божиќен концерт и Божиќна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

За Божиќниот концерт ќе бидат задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава со наслов „Најдобриот подарок за Божик“ – ненадминливите Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

Манифестацијата пред Св.Димитриј завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божиќна пештера, ќе бидат дарувани и со пакетчиња.

Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.

Мотото на овогодишната манифестација е „празнуваме, се радуваме!“ и на неа сѐ ќе биде бесплатно.

Организатор на целокупната манифестација е Здружението „Бадникови поворки“ кое постои веќе 3 години, а традицијата на организирање Бадникови поворки е возобновена од 2011 година, најпрво само во Битола и Охрид, за потоа постепено да се прошири и во останатите градови и населени места во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1