„Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим (Видео/ФОТО)


По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј” вчерва во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Во рамки на културната манифестација, која  беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.

Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.

Тој посочи дека резбаните ракотворби се создавани во еден од главните центри на уметноста во Македонија, градот Охрид, во познатата охридска резбарска школа, чија традиција е навистина богата и претставува синтеза од уметнички континуитет на скапоцената семејна традиција пренесувана од колено на колено, а длабоко инспирирана од славната дебарско-мијачката школа.

Тој се задржа и на значајноста на делувањето на Св. Кирил и Методиј и нивната значајна општествена улога.

– Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план, претставува порта низ која голем број народи влегоа и се издигнаа, а нивната мисија ја задолжи целата христијанска цивилизација, а посебно македонската држава како место во кое поминаа најголем дел од својот живот. Токму затоа, Македонија со гордост и задоволството го одбележува и чествува споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, додаде Груевски.

Владината делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски  ќе го посетат вечното почивалиште на Свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1