Македонка номинирана за „Гордост на Австралија – најхрабро дете“


Македонката Емили Мирчевска кој живее во Австралија е вистински херој иако има само 9 години.

Ова храбро девојче е од ретките луѓе кои можат да се пофалат дека буквално спасиле нечиј живот. Девет годишната Емили донирала коскена срж за да го спаси животот на својата четиригодишна сестра Миа, која заболела од хистиоцитоза(ХЛХ), ретка автоимуна болест, пренесува Курир.мк.

Поради својот храбар подвиг таа е номинирана за годинешниот  медал „Гордост на Австралија – најхрабро дете“.

emili500

Семејството на Емили живее во гратчето Тејлор Хил, а болеста на Миа толку брзонапреднала, што таа за неколку дена станала непрепознатлива. Нејзината кожа изгледала како на пациент со изгореници, а нејзините органи биле заразени од смртоносен вирус. Единствена надеж за малата Миа била трансплантација на коскена срж. Лекарите го тестирале нејзиното потесно семејство, а деветгодишната Емили била совршен кандидат за донор.

Малата Емили ниту за момент не се двоумела и веднаш се согласила да донира коскена срж за да ја спаси својата помала сестричка. Операцијата била успешна, а телото на Миа одлично ја прифатило коскената срж на Емили.

Мајката Лидија вели дека Емили и била најголемата потпора во тие тешки моменти, а татко и Боби вели дека е изненаден колку се храбри неговите ќерки.

– Дента кога излеговме од болница, Боби и Емили дојдоа да не соберат. За прв пат после шест недели Миа ја виде Емили. Иако здравствената состојба и беше кревка, Миа потрча кон сестра и и силно ја гушна. Тоа беше најубавото нешто што досега сум го видела, вели Лидија Мирчевска.

Малата Миа заврши со лекарските третмани, а за три месеци ќе и биде направена нова анализа на крвта.

– Ако сега ја погледнете Миа, никогаш не би поверувале дека таа била болна од ХЛХ. Таа изгуби 70 отсто од кожата, но сè се регенерираше и сега има минимални белези, вели пресреќната мајка.

Малата Емили вели дека се чувствува многу добро, знаејќи дека таа помогнала да се спаси животот на нејзината сестра и да го задржи целото семејство. Таа вели дека е неверојатно блиска со својата сестра Миа.

 Деветгодишното девојче со македонско потекло вели дека е пресреќна што е номинирана за наградата „Гордост на Австралија“.

– Моето семејство и пријателите постојано ме потсетуваат колку сум посебна поради тоа што го спасив животот на мојата сестра. Сепак, навистина е прекрасно да се биде номиниран за оваа награда, вели Емили.

Без разлика на се, Емили во очите на својата сестра Миа веќе е победник. Кога ќе ја прашате четиригодишната Миа колку ја сака својата сестра таа вели: „До небото“, додавајќи дека сестра и е „многу посебна и многу добра“.

Номинациите за медалот „Гордост на Австралија“ веќе се завршени, а финалистите од државата Викторија ќе бидат соопштени на 28 септември, во весникот „Сандеј Херолд Сан“.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1