Полицијата на Златибор уапси државјанка на Македонија З.Т. (44) од Охрид поради сомневање дека од црква украла предмети во вредност од околу 60.000 динари, јави Танјуг.
Според полицијата, З.Т. од храмот Свето Преображение отуѓила Евангелие, икона, крст, сатенски прекривки, лажица за причест и кутија за темјан.
Осомничената била сместена во хотел на Златибор во чија соба биле пронајдени предметите.