Во полициската станица -Кочани, 21-годишна граѓанка, вчера пријавила грозоморно дело.
Имено, пријавила дека истиот ден околу 03:00 часот во соба влегол нејзиниот чичко, брат на нејзиниот татко, Д.В.(1991) од Кочани и со употреба на сила и закана со нож, дека ке ја нападне нејзе и нејзините малолетни деца и дека ке ги заколе, сторил полови дејствија со неа, односно ја принудил да го допира по неговиот полов орган.
Во 09:20 часот Д.В. е приведен во ПС-Кочани, обавен е разговор и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Кочани и подигнати се траги од лице место.