Македонка свири гитара во бендот на Принс


Младата гитаристката Дона Грантис, која има македонски корени, но родена е и живее во Kанада, е дел од новиот рокенрол-бенд на легендарниот музичар Принс. Популарниот уметник формираше трио во кое членуваат само жени. Покрај нашата инструменталистка тука се и тапанарката Хана Форд и басистката Ида Нилсен.

Грантис во декември минатата година влезе во овој состав и работи на новиот материјал и настапува заедно со култниот музичар. На интернет-страницата „ПРС гитарс“ пишува: „Позната во својата исклучителна техника и свирењето со душа, Дона Грантис има свој стил. Мешајќи џез, рокенрол и електрик блуз, не сме изненадени дека канадската гитаристка го привлече вниманието на Принс“. Пишува Дневник 

makedonka princ

Музичарката е родена и израсната во Kанада. Но баба ~ и дедо ~ од страната на нејзиниот татко се родум од Kостур. Дедо ~ од страната на мајка ~ исто така е од Kостур, а баба ~ е од Лерин. Но тие многу одамна се преселиле во Kанада во потрага по подобар живот од оној на земјоделец.

Грантис пред две години првпат беше во Македонија и заедно со вокалистката Шакура Саида настапи на „Блуз и соул фестивал“. Во тогашното интервју за „Дневник“ изјави: „Скопје е прекрасен град, иако не видов многу од него зашто кратко време сме тука. Прошетавме низ плоштадот и јадевме во еден одличен ресторан. Инаку, татко ми е роден во Kостур и претежно сум слушала приказни за тоа како е таму, знам дека дедо ми од страната на мајка ми има некои подалечни роднини во Скопје и бил тука. Јас сум прва од помладата генерација во моето семејство што доаѓа во Македонија, а имам и двајца постари браќа. Во текот на мојот престој тука најмногу се обидувам да го подобрам македонскиот јазик“.

Повеќе на Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1