Македонката Елена Анѓеловска се закити со титула Мис Јахт Модел Интернационал 2012. Таа победи на изборот кој се одржа во Кина.
Елена има 18 години и е од Скопје. Како Мис доби 10.000 американски долари, круна во вредност од 3.000 долари и други подароци. Во Кина ќе остане уште најмалку една недела за фотосесии и претставувања на сите кинески медиуми.
Прва придружничка е претставничката од Србија, Александра Тасиќ. Втора придружничка Ана Кирилина од Белорусија.