Македонката Елена ја понесе круната најубава на изборот ,,Мис Јахт,,


Македонката Елена Анѓеловска се закити со титула Мис Јахт Модел Интернационал 2012. Таа победи на изборот кој се одржа во Кина.

Елена има  18 години и е од Скопје. Како Мис доби 10.000 американски долари, круна во вредност од 3.000 долари и други подароци. Во Кина ќе остане уште најмалку една недела за фотосесии и претставувања на сите кинески медиуми.

Прва придружничка е претставничката од Србија, Александра Тасиќ. Втора придружничка Ана Кирилина од Белорусија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1