Дана Вули, Австралијанката со македонско потекло од Перт, двеипол години по вистинската трагедија што ја доживеа, реши да ја отстрани заштитната облека и јавно да го открие нејзиното неверојатно закрепнување.
На 16 февруари 2012 година Дана Вулин била нападната од љубоморната другарка која ја полила со метил алкохол и ја запалила. Повеќе од 60 отсто од нејзиното тело и лице добиле изгореници од трет степен. Вулин на австралиската телевизија Канал 7 на емисијата Во недела навечер ја извади маската. Неодамна таа доживеа уште еден удар – рутинската контролаа покажала рак во грлото на матката. И таа операција заврши со успешен резултат.