Македонската влада размислува да воведе визи за Косовците


Македонската Влада размислува да воведе визи за државјаните на Косово, дознава “Дневник”.

kosovoВакoв тек на настаните во “трговската војна” со протекторатот е можен откако Приштина воведе целосно ембарго на увозот на македонски производи, а изутрината од граница беа вратени неколку камиони.

Европската комисија, пак, побара сите страни во овој судир, што прераснува во целосно ембарго на официјална Приштина за македонските производи и патни такси за Косовците при влез во Македонија, да се држат до обврските преземени во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

– Ние се стремиме кон појаснување на неодамнешните пријавени мерки и очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски во рамките на ЦЕФТА, рече портпаролот на Комисијата, Петер Стано, во изјава за МИА.

Според македонските власти, условениот увоз на брашно што го воведе нашата земја, а за што е реакцијата од Косово, не е воведена кон оваа поранешна српска покраина, туку кон сите земји од ЦЕФТА и таа е во согласност со правилата на оваа меѓународна организација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1