Македонски државјани фатени во Сараево со хероин


Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ (Пат на животот) во општина Ново Сараево.droga

 

– Припадниците на Одделението за борба против злоупотребата на опојни дроги при МВР на кантонот Сараево дрогата ја открија кај Шабан Х. со кого во друштво бил и Идриз Ш. Вредноста на дрогата на пазарот  е од 30 до 50 илјади конвертибилни марки, во зависност од тоа со која супстанца се меша, изјавил Ирфан Нефиќ портпарол на сараевската полиција.

Хероинот Шабан Х. го завиткал со помош на појас околу телото. За одредена сума пари негова задача била само да ја пренесе дрогата до Сараево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1