Македонски парадокс: За детски додаток од 716 денари ќе дадете 1.275 денари за документи


 Ако сакате да поднесете барање за да добиете парична помош како детски додаток, прво што треба да знаете е дека ќе подготвите десетина документи, за кои ќе платите речиси илјада денари, во зависност од тоа колку членови имате во семејството, пишува Нова Македонија.

salterНа пример, едно петчлено семејство ќе треба да извади пет изводи на родените од матичната служба. Еден извод чини 150 денари, што значи дека тоа семејство ќе треба да плати 750 денари. Тука е и венчалниот документ, за кој треба да се платат уште дополнителни 150 денари. Потврда од Централниот регистар дека не поседувате фирма се плаќа 505 денари, а пак потврда од суд дека не ви се отуѓувани децата и дека не сте осудувани чини 320 денари.

Дополнителните документи, како потврда за работен однос, фотокопии од лични карти и потврда од училиштето дека детето е редовен ученик се бесплатни.

Висината на детскиот додаток, пак, за дете од предучилишна возраст и за дете-ученик во основно училиште изнесува 716 денари месечно, а за дете-ученик во средно училиште до наполнување на 18 години живот е 1.136 денари. Ова значи дека родителите за речиси два месеца однапред ги потрошиле парите за помошта што ќе ја добијат со детскиот додаток.

Ако, пак, се одлучите центрите по службена должност да ги добијат вашите лични документи, ќе треба да чекате најмалку 60 дена од поднесувањето на барањата.

Бомбастичната кампања за едношалтерски систем и тврдењата за зголемена ефикасност на јавната администрација ги охрабруваат граѓаните, сѐ додека не дојдат до шалтерите на институциите.

Најчесто граѓаните се заинтересирани како се остваруваат правата за парични надоместоци за социјална помош, за детски додаток и за нега од друго лице. Во последните неколку години метежи се зголемени и на шалтерите каде што се доделува родителското право за трето дете.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1