Македонски селектор наместил натпревар


Контроверзниот македонски шоумен Велибор Џаровски не престанува да ги бранува просторите на поранешната СФРЈ со своите изјави за наместени натпревари.

Во изјава за српскиот весник Блиц, тој откри дека поранешен македонски селектор наместил официјален натпревар на нашата репрезентација (не се знае дали е пријателски или квалификациски). Името на селекторот не го кажа.

dzaro-260x149„Тренерите најлесно можат да наместат натпревар. Доволно е да не стават тројца фудбалери во тимот или да ги стават на погрешна позиција и тоа е веќе наместено. Ќе ви дадам пример. Еден македонски селектор така направи тим што во обложувалниците квотата на 4+ голови нагло порасна. Се разбира, резултатот на крајот беше 4:0. Приказната стигна до УЕФА, нејзини претставници беа и во Скопје, тој случај се уште е предмет на истрага, но изгледа дека нема интерес да се реши“, изјавил Џаровски.

Од анализата на досега одиграните натпревари на македонската фудбалска репрезентација лесно може да се заклучи дека само две средби завршиле со резултат 4:0. Првиот е против Малта во 1998 година (победа) кога селектор беше Ѓоко Хаџиевски, а вториот против Холандија во 2009 година (пораз) под водство на Среќко Катанец.

Кој од нив го наместил натпреварот, никој не знае.

sportclub.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1