Македонски студент заработи 16.300 долари за една сезона!


Мојот Американски сон – изјава на студентот Никола Крстев, учесник на Work & Travel America 2014 * студент на Факултетот за детективи и безбедност на ФОН – Универзитетот за факултети.мк

Привелегијата да се биде дел од WORK & TRAVEL USA програмата е огромна, а оваа чест и задоволство да бидам дел од оваа неа ја имав 4 пати. Се започна во 2011 година 

По некоја случајност за работа ја одбрав сојузната држава Мејн (MAINE) и градот Бутбеј Харбор (Boothbay Harbor).  Работа има многу, многу лесно се наоѓа и втора работа. Работата што ја работев беше најголемото изненадување што го открив во мене, доколку судбината не ме одведеше на тај пат талентот за готвење никогаш немаше да го откријам во мене. Бев кувар во познат италјански ресторант од светска класа “Ports of Italy”.

Фото - факултети.мк

Фото – факултети.мк

Посебно горд бев кога храната која што ја правев ќе ја најдев на некое позната списание кое го читаат повеќе од 50 милиони луѓе. Како што минување времето така континуирано се надоградував во тоа што го работев, учев и работев рамо до рамо со кувари кои имаат и по 30 години меѓународно работно искуство и се вистински “уметници”.

Се заработува доста солидно, знаат да го ценат друдот, послушноста, и довербата. Веќе таму сте вистински професионалец, од вас им зависи угледот и достоинството, затоа знаат како да ве мотивират бакшиш и бонуси се нешто со кое многу често пријатно ке ве изненадува. За 4 месеци во Мејн може да се заработува колку за 4 години во Македонија. Сепак тоа се должи на повисоките плати и ниските трошкови за живеење.

За крај ќе им порачам на сите студенти да ја искористат оваа можност за нивниот сон да стане реалност и да се пријават за Work & Travel 2015.

Целата сторија на – Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1