Македонски судии криеле имот и пари – антикорупциска ги фати


Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека ги прибира и анкетните листови за имотната состојба на носителите на судската власт.

sudКомисијата наведува дека 26 носители на јавни функции во судството дале непотполни податоци во анкетните листови и не пријавиле промена на имотната состојба. Затоа, ДКСК согласно со своите надлежности повела прекршочни постапки и поднесено барања за испитување на имотната состојба до Управата за јавни приходи.

ДКСК потенцира дека секое службено лице,  а тоа значи и секој судија има законска обврска да пријави промена на имотната состојба во рок од 30 дена од настанатата промена бидејќи секое несовпаѓање на пријавената со фактичката состојба е предмет на постапување на ДКСК.

Државната Комисија и во наредниот период ќе продолжаи со целосните системски и други проверки на анкетните листови поднесени од носители на јавни функции.

Press24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1