Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 103 земји. Што се однесува на земјите од опкружувањето, со пасошот на Хрватска без виза можете да патувате во 129 земји, на Србија во 104, БиХ во 91. Со пасошот на Црна Гора без виза можете да патувате во 98 земји, а на Албанија во 88.
Пасошот од Соединетите Американски Држави ви овозможува без виза да влезете во 172 земји, меѓутоа пасошите од Финска, Шведска и Велика Британија овозможуваат влез во една земја повеќе, значи 173 држави – без виза.
Овие три држави се оние со чија патна исправа ќе можете да влезете во 173 земји без било каква виза, а по нив се Данска, Германија, Луксембург и САД со влез во 172 земји, по што следат пасошите од Белгија, Италија и Холандија со влез во 171 земја без виза, а после нив се Канада, Франција, Ирска, Јапонија, Норвешка, Португалија и Шпанија и така натаму.
Последна на листата е Авганистан. Со пасош од оваа земја, без виза можете да влезете само во 28 други држави. Ирак е малку подобар со влез во 31 земја, а при самото дно на листата се и Пакистан и Сомалија.
Да ја разрешиме мистеријата која е таа една, единствена земја која бара виза за државјаните на Америка? Одговорот е Бразил. Интересен е податокот и дека Кина е втора по големина светска економија, а нејзините државјани без виза можат да патуваат само во 43 земји. Но тоа се веќе политички причини, а можеби и тоа што Кина својата огромна економска вредност ја нема претворено во меѓународно влијание.
Кога станува збор за нашата земја би можеле да кажеме дека таа е некаде кон средината. Поточно, со пасош од Македонија без виза можете да патувате во 103 земји. Што се однесува до нашите соседи, со пасош од Србија можете да влезете без виза во 104 земји, со пасош од Хрватска во 129 земји, Босна и Херцеговина во 91, Црна Гора во 98, а Албанија во 88.
Интересно е дека некои други економски моќни и влијателни земји се наоѓаат кон крајот на листата. Па така државјаните на Саудиска Арабија со своите пасоши без виза можат да патуваат само во 64 земји.