Фотографијата од млад полицаец кој му помага на дете бегалец го обиколи светот. Социјалните мрежи и медиумите полни се пофални зборови за човечноста на 26 годишниот Месут Мемишовски од прилепско Канатларци.
Пред камерата на Сител, Месут скромно им се заблагодарува на сите кои го пофалиле и вели дека тој само си ја извршувал својата должност.
Во тој момент кога дојде малото дете да се доближи околу мене, јас заборавив и на работа и на вера и на нација. Само сакав да му помогнам, да му дадам вода. И сигурен сум дека кој и да беше во ваква ситуација од моите колеги би постапил исто, вели тој.
Месут реагира на лажните информации во дел од медиумите дека полицијата била насилна со мигрантите. Напротив ситуацијата е сосем спротивна, а полицијата прави се за да им помогне на нивниот пат.
Во секоја минута, во секој момент доаѓаат мигрантите не прашуваат: Дали може да ја поминеме границата? Ние се враќаме со вода, дел од јадењето што ни припаѓа нас, од МВР. Делиме со нив. Тие ни велат: Good Police Macedoniea!, потенцира Мемишовски.
По краткиот разговор, дипломираниот полицаец Месут отиде на граничната линија да је преземе својата смена. Вели дека се надева оти кризата ќе заврши побрзо и тој ќе сврати на своите редовни должности во СВР Битола.
Еве ја сторината на СИТЕЛ