Маж се удави во Вардар, минувачи не успеале да го спасат


Во текот на вчерашниот ден, случајни минувачи се обиделе да спасат давеник кој го забележале во реката Вардар.

ilustracija

ilustracija

На 22.08.2015 година, на кејот на Вардар, во близина на спортска сала „Јане Сандански“, случајни минувачи во реката забележале машко лице на возраст од околу 60 години како се дави.

Тие успеале да го извадат од реката и со Брза помош пренесено е на токсикологија каде починало.

Утврден е идентитетот на лицето, а се работи за И.Т.(79) од Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1