Македонскиот Рубин – најмоќен минерал во складирање на енергија


Ова е еден од најмоќните минерали кога станува збор за проектирање и складирање на енергија. Делува врз сексуалните енергии и ја буди жедта за животот. Одличен е за личности кои имаат потреба од повеќе акција во сопствениот живот. Обоеност: црвен. Основни карактеристики: Страст, храброст, свесност.

dsc_0330Рубинот кореспондира со коренската чакра и ја поттикнува кундалини енергијата. Ја качува сексуалната енергија од половиот регион и ја усмерува кон срцето, трансформирајќи ја во вистинско љубовно уживање. Терапевтски својства: Темелно ја прочистува крвта и го регулира циркулаторниот систем. Ја стимулира плодноста и го балансира менструалниот циклус. Исто така се користи и како стимулатор на надбубрежните жлезди, бубрезите и слезината.

Македонскиот рубин се карактеризира со специфична малина – розева боја. Според досегашните истражувања своето дејство најмногу го пројавува врз срцевата чакра и срцето, растопувајќи ги гневот и крутоста кај лицата кои го носат. Покрај овие својства Македонскиот Рубин мошне нежно ја стимулира работата на срцевиот мускул и поттикнува на простување и сочувство со другите. Овој наш ендемичен минерал веќе е прифатен како синоним за вистинска и безрезервна љубов!

Голем дел од скапоцените камења се обработуваат во лабораторијата на ДЕКО каде се вградуваат во ФИЛИГРАН.

dsc_0307Карактеристичен за ориентот чија европска порта е токму Македонија, привлекува големо внимание кај странските посетители, но и кај младата генерација клиенти.

Филигранот, како би се кажало, “има душа“! А речиси беше на работ на изумирање, “задушен“ од распространувањето на евтин накит произведен индустриски и во големи серии.

За среќа, останаа активни неколку работилници и дуќани специјализирани за филигран, “Рубин Кармин“, Вангел Деребан во Охрид, Марк Коља, Мајстор Џељо и други, кои заедно со неколкуте владини и невладини иницијативи за зачувување на филигранскиот занает, придонесоа за скромното појавување на нова генерација млади артисти и занаетчии. Тие млади артисти внесоа нова енергија во запоставениот сектор.

mojataubavagradina

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1