Македонските граѓани кои се во Турција се безбедни, МНР со препораки


Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски во текот на ноќта оствари телефонски разговор со турскиот колега Мевљут Чавушоглу.mnr novo zgrada

-Беше потврдено дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани. Во разговорот, Попоски истакна дека Република Македонија најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции. Воедно, изрази и сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во вчерашните настани во Турција, соопштија од МНР.

Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани.

Според досега добиените информации, забележан е застој во движењето на бугарско-турскиот и грчко-турскиот гранични премини, а не се реализираат ниту авионските летови на релација Скопје-Истанбул.

-Согласно остварените комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција, ве известуваме дека се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин. Во оваа прилика, апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, информираат од МНР.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи.

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691

Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06

Е-пошта: [email protected]

Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул

Мобилен телефон: +90 535 545 80 41

Телефон: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33

Е-пошта: [email protected]

Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

Министерство за надворешни работи на Република Македонија

Мобилни телефони: +38972 242 783; +38972239045

Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1