Околу 300 деца-извидници од Македонија среде хаосот во Анкара


Вкупно 297 деца од неколку основни училишта од тетовско до недела се во извиднички камп близу Анкара.

Македонското министерство за надворешни работи за ТВ Нова ја потврди оваа информација, воедно информира дека децата се на безбедно, лоцирани се далеку од немирите во Анкара и ноќта ја минале мирно.Turcija-narod protiv vojska

Ова е прва група на деца која летува во извидничкиот камп во Турција, а од понеделник, беше предвидено, втората група на ученици да замине на летување во камп близу Анкара.

Министерството за надворешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.

Од МНР посочуваат дека континуирано се следи состојбата во Турција, како и дека е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.

-За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи, се наведува во соопштението.

Отворените телефони во дипломатско-конзуларните претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи:

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691

Телефон: + 903 12 439 92 08

Е-пошта: [email protected]

Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул

Мобилен телефон: +90 535 545 80 41

Телефони: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33

Е-пошта: [email protected]

Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

Министерство за надворешни работи на Република Македонија

Мобилни телефони: +38972 242 783; +38972239045

Телефони: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790

Е-пошта:[email protected]

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1