„Порта Македонија“ продолжува да биде симбол кој ги обединува македонските спортски успеси. По примерот на кошаркарите и ракометарите, денеска и младите фудбалери историскиот успех и пласманот на ЕП во Полска го одбележаа со минување низ „Порта Македонија“.Македонските фудбалски јунаци ја сплотија целокупната македонска јавност.
По големиот успех остварен вчера, кој претставува историски за Македонија со пласман на едно Европско првенство, младите македонски фудбалери денеска поминаа низ портата која значи симбол за успесите на сите наши спортски селекции.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја прими македонската младинска фудбалска репрезентација, стручниот штаб како и претставници на Фудбалската федерација на Македонија, по повод пласманот на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година.
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев денеска ќе оствари прием за играчите и членовите на стручниот штаб на Младинската фудбалска репрезентација.
Фото – Курир.мк