Македонските лекари ќе учат традиционална кинеска медицина – Груевски носи новитети од Кина


Македонски лекари до крајот на годинава или во текот на следната ќе заминат на обуки за традиционална кинеска медицина во Пекинг, договориле премиерот Никола Груевски и претставниците на Кинеската централна болница „Гуанганмен“.

–  Раководните лица се согласија да примат луѓе на тренинг.  Зависно од она за што ќе специјализираат лекарите тренинзите ќе траат помеѓу еден и три месеци, изјави Груевски по посетата на болницата „Гуангамен“.

Македонските лекари, оцени, ќе специјализираат доста интересна област. Договорени се повеќе детали за обуката, зависно од тоа за кои области ќе има потреба да бидат испратени на специјализација.

– Задоволен сум од оваа средба и се надевам дека кон крајот на оваа година или во текот на следната ќе започнат тренинзи на наши лекари тука во Кина во Пекинг за традиционална кинеска медицина, рече Груевски.

gruevski kinaЦелта на посетата, уакажа, е запознавање со детали барање соработка со кинеската болница со македонските болници и клиники за обука на лекарите. – Да ги научат вештините кои, како што ни објаснија тука, се користат паралелно со класичната медицина, повеќе кај хронични болести за коишто може да се дозволи лекување подолго време без нус ефекти. Имавме можност да се запознаеме многу повеќе отколку што претходно беше нашето знаење за овој вид на медицина, истакна Груевски.

Менаџментот на болницата го запознал премиерот Груевски со врвните перформанси на кинеската болница чиј значаен дел од интересот на работа е развој на традиционалната медицина, во комбинација со современи методи за лекување и развој на медицинската наука. Груевски во разговорите со менаџментот на болницата разменил искуствата од реформите во здравството, како и реализацијата на проектите во сферата на здравството во нашата држава. Станало збор и за модалитетите на менаџирањето на болниците и на клиниките, со цел обезбедување квалитетна медицинска услуга за граѓаните.

– Остварената соработка е дел од заложбата на Владата за размена на искуства и стекнување  на искуство и знаења на македонските лекари од врвни научни медицински центри во светот и нивна примена во македонското здравство, истакнуваат од Владата.

Кинеската болница за традиционална медицина „Гуанганмен“ е основана во 1955 година во рамки на Националната академија за традиционална кинеска медицина. Оттогаш прерасна во една од најреспектабилните болници во Кина и регионот која е дел од Академијата за традиционална медицина која претставува една од водечките болници за традиционална медицина на азискиот континент. Денес тоа е болница каде постои  клиничка пракса, научни истражувања и настава, заедно со специјалности во многу сектори од медицината како што се центри за лекување на канцер, дијабетeс и кардиоваскуларни болести.

Во болницата постои центар за клинички фармаколошки истражувања врз база на методи од традиционалната медицина во Кина.  Во рамки на болницата постои  и центар за обука за докторите кои користат западна медицина, а кои сакаат да дознаат повеќе за традиционалните напредни методи на лекување.

Болницата поседува површина од 86.028 квадратни метри, каде се вработени 1.161 лице, вклучувајќи 171 професори и асистенти професори. На четири специјалисти од неа досега им биле доделени дипломи и признанија „Алберт Ајнштајн“ – светска награда за наука. Поседува вкупно 28 клинички одделенија, како што се интерна медицина, хирургија, гинекологија, ортопедија, акупунктура, урологија, изолирано одделение за пациенти со хепатитис, клиничка лабораторија за молекуларни биолошки истражувања, лабораторија за имунолошки истражувања. Оваа болницата минатата година имала 2,6 милиони пациенти, а на дневна основа опслужува од 9 до 10 илјади пациенти.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1