Македонските рекетлонци се вратија со три медали од Светскиот куп


Два сребрени и еден бронзен медал освоија македонските рекетлонци, на Светскиот супер куп во Рекетлон кој се одржа во Софија, Бугарија од 28-ми до 30-ти јуни годинава

Тие го потврдија минатогодишното четврто место од Светското јуниорско првенство во екипна конкуренција, но за разлика од лани овојпат настапија во поединечна конкуренција.

562cc3fb-2f17-4b3f-a153-b61de4a27f8eСе квалификуваа во две финалиња и едно полуфинале, освојувајќи два сребрени и еден бронзен медал.

Во женска конкуренција до 21 година, Деа Здравковска во финалето загуби од Австријката Кристина Сехофер. Во машка конкуренција до 21 година, Марко Накиќ во финалето загуби од Бугарионот Мартин Колев и го освои сребрениот медал.

Ведран Здравковски во борбата за бронзен медал го победи Анастов.

Филип Михајловски настапи во сениорска конкуренција каде во конкуренција на натпреварувачи од 15 земји со три победи и еден пораз го освои одличното петто место.

На овој натпревар учествуваа претставници од 15 земји со 119 натпреварувачи.

Македонските рекетлонци на Светскиот супер куп учествуваа во организација на Бадминтон федерацијата на Македонија во чиј состав е и Националната комисија за рекетлон.

Рекетлон е спортска дисциплина во која натпреварувачите ги одмеруваат силите во сите четири спорта со рекет – пинг понг, баднминтон, сквош и тенис. Сетовите се играат по редослед од помалиот кон поголемиот рекет. Победник е оној што ќе освои најмногу поени. Може да се игра поединечно и во двојки.

Играта е смислена во Финска, а се игра од 1980 година. Највисоко тело е Меѓународната рекетлон федерација. Од 2001 година почнува Светски турнир на кој учествуваат по 15 земји од 48-те каде се игра оваа игра.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1