Македонските олимпијци продефилираа во Рио на Олимпијада – НБЦ не претстави како Македонија


Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ ноќеска свечено беа отворени 31. Летни Олимписки игри. Ова се првите Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент. Македонија во Рио ќе ја претставуваат ќе ја преставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски. На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални олимписки комитети, а своето прво учество ќе го имаат Косово и Јужен Судан.

Македонија на Олимписките игри во Рио ќе ја претставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасиа Богдановски.rio makedonija

Имено, амриканскиот НБС ја претстави Македонија под уставното име додавајќи дел од нашата голема историја.

Македонските спортисти на Летните олимписки игри ќе настапат според следниот распоред:

1.Нина Балабан – Спортско стрелаштво 10 м. Воздушна пушка. Настапува на 6 Август во 8:30 часот (локално време)
2. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање 200 метри слободно. Настапува на 8 Август во 13:02 часот (локално време)
3. Катерина Николоска – Џудо – 63 кгр. Настапува на 9 Август во 10:00 часот (локално време)
4. Марко Блажевски – Пливање 200 метри мешано. Настапува на 10 Август во 14:14 часот (локално време)
5. Ристе Пандев – Атлетика 100 метри. Настапува на 13 Август во 9:30 часот (локално време)
6. Дрита Исљами – Атлетика 400 метри со пречки). Настапува на 15 Август во 21:30 часот (локално време)

Со намален буџет и значително помалку средства во однос на Лондон пред четири години, организаторите направија одлична церемонија.rio_stadion_sv-69722

Три теми доминираа на свеченото отворање – екологија, различноста и радоста. Немаше елементи од краневалскиот дел од Рио, поради тесните тунели на стадионот, а немаше нити бина и се беше на едно ниво на земја. Повеќе од 35.000 професионалци беа вклучени во церемонијата на отворањето, 12 школи на самба со повеќе од 5.500 костими. Своето место имаше и познатата „Девојка од Ипанема“. Режисерот на филмот „Градот на боговите“ Фернандо Меирелеш заедно со колегите Андруч Вадингтон и Даниел Томас беа задолжени за организацијата.

Дел од отворањето беше и една од напознатите манекенки на светот и една од „амбасадорите на Бразил“ Жизел Бундшен. Од здравствени причини го немаше еден од најдобрите светски фудбалери Пеле.

Игрите за отворени ги прогласи привремениот претседател на Бразил Мичел Тимер, а олимписката заклетва во името на спортистите ја даде бразилскиот спортист во едрење Роберт Шет.

Олимпискиот пламен на стадионот на стадионот го внесе поранешниот тенисер Густаво Куертен, а го запали бразилскиот маратонец Вандерлеј Кордеиро де Лима.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1