Македонските војници јадат производи маде ин Косово!


Македонските војници се хранат со производи од косовските фабрики! Кекси, кечап ролати се само дел од асортиманот прехранбени продукти кои се секојдневно на дневното мени во војничките кантини и мензите, а се произведени, на пример во фабриките ЌЕурот” од Призрен или Амоо од Клина, пишува Вечер.

Очигледно пораката “Да купуваме македонски производи за наше добро – произведено во Македонија” не значи ништо за Министерството за одбрана, бидејќи во Македонија има толку многу фабрики кои произведуваат исти или слични производи, а се познати брендови во регионот.

vojska jadenjevojska hrana
vojska jadenjeНа прашањето дали на ова министерство кое секојдневно троши огромни количини храна не е загрижено што со увозот на храна директно ја урива домашната економија и домашните производители, или пак македонските фабрики не можат да бидат конкурентни, за жал, не добиле одговор.

Вечер неколкупати се обиде да стапи во контакт со надлежните во ресорното министерство, но без резултат.

И од Одделението за односи со јавноста и од советникот на министерот Талат Џафери не добиле одговор.
Да потсетиме дека Владата спроведува кампања Купувајте македонски производи”, а на почетокот на годинава собраниската Комисија за економски прашања ја увиде потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак ,,Македонско сонце”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1