Нема повеќе да има тајмери на скопските семафори


Секундарниците кои стоеја над семафорите и го одбројуваа времето до палењето на зелено светло повеќе ги нема на градските сообраќајници. Уредите кои на возачите им покажуваа колку време за пауза имаат, уште при самото поставување тие ги оценија како корисни затоа што можеа да проценат дали имаат време да направат нешто во колата, да запалат цигара или пак веднаш треба да се спремат за тргнување, пишува Вечер..

partizanska-semaforСепак тајмерите не се извадени од семафорите за нечиј мерак, туку се жртва на новиот Центар за управување и контрола на сообраќајот кој со помош на камери и детекторски индикативни јамки ќе ги диригира зелените периоди на семафорите во зависност од колоните на улиците. Главната причина за тоа е што при истовремено функционирање на ЦУКС-от и одбројувачите ќе дојде до случај на променливи зелени времиња (поради поголем број возила автоматски од ЦУКС-от да биде продолжен зелениот сигнал, а одбројувачот да го покажува програмираното време за зелено светло) и да настане забуна кај учесниците во сообраќајот, објаснуваат од градот Скопје.

На околу 90 крстосници низ главниот град ќе се постават сензори кои ќе ги бројат и ќе ги детектираат возилата. Исто така, ќе бидат поставени и 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните текови и 47 нови семафорски контролери. Тоа ќе значи дека во иднина светлосните сигнали на овие крстосници ќе работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото време нема да биде фиксно како што е денес, туку ќе биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку таканаречените детекторски индуктивни јамки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1