На битолчанка во грчкото туристичко одморалиште Лептокарија и го оштетиле автомобилот. Непознати сторители со спреј на возилото испишале „СЛАВ“ („Словен“).
Оштетувањето на автомобилот „Фолксваген широко“ го пријавила на граничниот премин Меџитлија, при враќањето од Грција. Претходно инцидентот го пријавила и во грчката полиција, веднаш откако го забележала оштетувањето на возилото, но од таму не добила никаков записник.
Автомобилот бил оштетен и на предниот и на задниот дел.