Пожар во центарот на Штип – изгореа 3 куќи, пожарот најверојатно подметнат (Видео)


Пожар во Штип синоќа зафати куќа, во која објектот настрада, освен еден негов мал дел. Куќата се наоѓа познатата локација „Кај огледалото“.

Потпомогнат од ветрот, огнот за миг ги зафати двете ненаселени куќи. Прво кровот, па потем и останатиот дел, а не ја поштеди и третата во која живее 85 годишниот Н.М. Брзата интервенција на вознемирените соседи, разбудени од густиот чад, полицијата која по нивниот повик веднаш пристигна, како и пожарникарите, спречија огнот што се ширеше со молскавична брзина, да ги зафати соседните куќи, и една од главните трафостаници, лоцирана на десетина метри од опожарената куќа…

pozar stipПоради големината на пожарот, мошне силниот ветер и опасноста истиот да се прошири на останатите куќи, учествувавме со сите расположливи возила, а тоа се шест во гаснење на огнот. Борбата со огнената стихија траеше до рано утринските часови, до околу 05 и 30 минути, изјави за Канал 5 Кирчо Патраклиев – командир на ТППЕ Штип.

Во истовреме, пристигна екипа на ЕВН и ја исклучи струјата за овој дел од градот. Сопственикот на делумно изгорената куќа, помина без повреди, бидејки полицајците со неговите соседи навреме го извлекле.

Надлежните денеска ги утврдуваат причините за пожарот, за кои соседите не ја исклучуваат можноста дека е подметнат.

Инаку, во сега пеплосаните куќи до пред неколку дена живееја неколку бездомни семејства, кои со полициска асистенција беа иселени

Видео – Канал 5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1