Пајак, паун, петел, пеперутка, риба се само дел од фигурите кои го разубавуваат главниот град. Направени се од цветни аранжмани и ги има на повеќе локации во градот. Особено впечатливи се цветните фигури во форма на државните симболи, знамето и грбот, кои од неодамна го красат влезот на зградата на Собранието. Нив ги изработи Јавното претпријатие Паркови и зеленило”, од каде што велат дека идејата да се постават националните обележја пред Собранието дошла од вработените во секторот за развој на претпријатието.