Нови измени од денес – Изгубени документи пријавувајте само во МВР


Граѓаните што изгубиле личен документ од денеска наместо во „Службен весник“, ќе може да го пријават на шалтерите во управните служби на МВР.

licna kartaНа тој начин со самата објава на изгубен личен документ граѓаните веднаш ќе почнат постапка за вадење нов.

Овој проект чиишто тест-период се изведуваше деновиве, е заеднички на МВР и ЈП „Службен весник на РМ“, и со него се овозможува скратување на процедурата за пријавување, а граѓаните новите документи може да ги извадат во многу пократок период.

Во Македонија, според досегашната статистика, во просек 30.000 граѓани годишно ги губат своите лични документи, од кои најмногу лични карти, потоа возачки дозволи, патни исправи и најмалку сообраќајни дозволи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1