Дете – борец со најхраброто и најсилно срце!


Да имаш големо срце кое ќе ги издржи сите болки и притисоци – ова во буквална смисла на зборот го почувствувал Никола Николовски, 13-годишниот  осмооделенец од основното училиште “Живко Брајковски” во скопската населба Бутел 1. Од кога знае за себе Никола е со лекови. Боледува од WPW SVPT на срцевиот мускул – хронично заболување на нервниот систем, ретка болест која од најрана возраст го ставила на крстопатот на животот – да се бори да го најде излезот и вистинскиот пат.

Паралелно со хроничната болест, има епилепсија која со лекови неговите родители и стручниот тим лекари се трудат да ја стават  во мирување, има спина- бифида која исто е во мирување и проблеми со видот кои сега тешко се контролираат бидејќи  капките за очи му создаваат тахикардија. Никола живее со список на забрани, но научен е да внимава, вели за Фактор неговата мајка Маргарита Николовска.

284283_524472810911942_105570277_n-564x272

Таа е можеби единствената жена – кранист која некогаш управувала со 150 тонски кран во скопската челичарница. Но, веднаш по раѓањето на Никола ја напуштила  работата и целосно му се посветила нему.

Никола боледува од ретка болест и е можеби единствениот таков случај во земјава кој и по серијата долгогодишни борби и две хируршки интервенции не се предава. Храбар, насмеан и ведар тој со неговата мајка ја пренесува својата животна приказна. Досега Никола поминал многу животни премрежија. Роден е како здраво дете, но веднаш по породувањето  добил бактерија која му ја влошила здравствената состојба. Многу брзо неговите родители  ја забележале промената кај Никола, кога го добил првиот напад на пароксизмална тахикардија од 360 отчукувања на срцето во минута. Како за малиот Никола така и за неговото семејство неговата болест била вистински шок и отворен проблем како да се справат со неа и да му помогнат на своето чедо?

nikola deteНа Детската клиника, се сеќава Маргарита, со сите сили се бореле за неговиот живот. Поради влошената здравствена состојба на 4-годишна возраст на Никола му биле направени две хируршки интервенции во Гетинген, Германија. Тогаш за лекарите било само прашање како да се стабилизира состојбата, за да може срцето да одмори. Животната борбата продолжува до денес. Пред него стои нов предизвик – трета операција во Германија која ќе му го промени животот. Секој  нов ден е ново искуство во семејството Николовски.

Здравствената состојба на Никола е најважна за него и за неговото семејство. Тие на потешкиот начин ја научиле вредноста на животот. Единствениот проблем, велат во семејството Николовски, е што платата на таткото на Никола кој работи во скопски Рудници и железарници знае и да задоцни, а со тоа доцни и здравственото осигурување. Тогаш, велат, проблемите се зголемуваат и за обезбедување на лекови и за идната  операција и терапија.

Никола е мирен и одличен ученик. Неговите другарчиња знаат за неговата здравствена состојба, му помагаат, го  штитат. Не може да вежба на часовите по физичко, но сака активно да учествува на другите предмети. Поради силните лекарства за срцето е побавен и усно одговара во соработка со клинички психолог  која го познава од мал. Неговата состојба е во животозагрозувачка категорија на дете со посебни потреби од прв ранг, но тоа не го спречува со помош на неговите родители, постарата сестра и неговиот брат да ги совлада училишните обврски.

“Помош за набавка на лековите веќе десет години немаме, бидејќи во Скопје како мало дете првпат лековите се регистрираа на негово име и се одобрија, но рефундација до ден денес за лековите  нема. Таблетарната и ампуларната терапија се набавува од Германија што е многу тешко и скапо. Вкупните трошоци за двата лека се 750 евра кои се на наш грб, ампулите се таков тип што мора да се дадат на интензивна нега и се еден вид замена на дефибрилатор кој Никола не смее да го користи”, вели мајката Маргарита.

За патувањето во Германија кое треба да донесе нов зрак надеж во семејството Николовски се потребни 18,5 000 евра. Фондот ќе покрие 6000, останатите ќе бидат на грбот на семејството Николовски. Велат ќе се снаоѓаат како знаат и умеат, но Никола мора да ја добие животната шанса. Операцијата и медицинскиот третман бара и  нова организација во договор со докторите од детската кардиологија за тоа на кој начин ќе патуваат бидејќи секој стрес и висината ќе има влијание на неговата состојба. Неговото семејство нестрпливо го чека датумот за операција, датум кој треба да ги исполни и желбите на Никола и на неговите најблиски.

Текстот е превземен од Фактор.мк

OTВОРЕН ДОНАЦИСКИ БРОЈ ЗА ОНЕ КОРИСНИЦИТЕ :  075-143-114 

може да се помогне и преку нашето донирање на :

жиро сметките;

-Хуманитарна сметка за Никола Николовски

300001000006016

Комерцијана Банка

-Жиро сметка на Маргарита Николовска

300007068692773

Комерцијална Банка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1